Возило излета од патот кај „Лабунишки ливади“, повредено едно лице

На 9 номември 2025 година, во 18:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај местото викано „Лабунишки ливади“, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 76-годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР

ОСТАНАТИ ВЕСТИ