Голема трагедија се случи денеска во Романија, откако во сообраќајна несреќа седум навивачи на грчкиот тим ПАОК загинаа.
Фановите на тимот од Солун патуваа кон Франција на мкечот со Лион во реваншот во Лигата на Европа, по што комбето со кое се превезувале удрило дирекно во камион.
Романците објавија и видео на кое се гледа минибус со навивачи на ПАОК како се движат во спротивна насока, а за жал трагедијата не можеше да се избегне.
Возилото се распаднало при ударот, и немало начин да се спасат седумте навивачи на познатиот тим. Само тројца навивачи преживеале.
Кратко по катастрофата, делегација од грчката амбасада во Букурешт отпатува на местото на несреќата, кое е оддалечено приближно седум часа од главниот град, со цел да ги спроведе сите потребни процедури во вакви случаи и да ја следи состојбата на повредените.
Шест лица во минибусот загинаа на самото место. Седмиот го загуби животот на пат кон болница. Двајца други се во сериозна состојба, а десеттиот чудесно избега само со полесни повреди.
ПАОК се огласи по повод трагедијата.
ВНИМАНИЕ, ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО
Accidentul de lângă Lugojel, șapte morți pic.twitter.com/e3dt0ddeR3
— aktual24.ro (@ak24ro) January 27, 2026