Во вторник ќе преовладува многу топло време, со дневни температури на места и над 40°C. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен ветер, а во западните делови повремено засилен од југозападен правец.
Во среда, а особено во четврток, поради продор на посвежа воздушна маса од север, се очекува значително опаѓање на дневната температура. Ќе дува засилен северен ветер, а претежно во северните краишта ќе има повремен дожд.