Втор круг за Градоначалник на Струга за Менди Ќира и Арсим Далипи

Менди Ќира освои 9.934 гласови (37,71%), а Арсим Далипи освои 9.719 гласови (36,90%).

поред податоците од Државната изборна комисија за градоначалничката позиција во Струга во втор круг ќе се борат независниот кандидат Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи.

Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.

– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква што ја сакаме. Овој процес покажа дека моќта е во рацете на народот, во рацете на секој од нас кој верува дека заслужува повеќе. Денес победија слободните граѓани, победи Струга што работи и не се плаши, изјави Ќира.

Инаку, Далипи освои 9.719 гласови (36,90%), а Ќира 9.934 (37,71%). Јована Мојсоска од Левица освои 2.809 гласови (10,66%).

ОСТАНАТИ ВЕСТИ