Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните единици

Српскиот претседател Александар Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните единици во Србија.

Одлуката за организациска надградба на специјалните сили на Војската на Србија содржи повеќе елементи.

Еден од нив се однесува на проширувањето на воената организација на Специјалците на Војската на Србија до проектираниот број.

За извршување на оваа одлука министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија ќе ги донесат потребните акти, а самата одлука ќе стапи во сила со денот на нејзиното донесување.

Како што се наведува, одлуката е донесена врз основа на член 24 став 4 од Законот за претседателот на Републиката и член 17 точка 3 од Законот за вооружените сили на Србија, пренесе б.92

ОСТАНАТИ ВЕСТИ