Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на воените специјални сили

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ донесе одлука за организациско проширување на Специјалните сили на српските вооружени сили.

Во одлуката е наведено дека организациското проширување на мирнодопската и воената организација на Специјалните сили на Вооружените сили на Србија треба да се изврши до проектираната нумеричка состојба.

За извршување на оваа одлука Министерството за одбрана и началникот на Генералштабот на вооружените сили ќе ги донесат потребните акти.

Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето 13 февруари 2023 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ