За првпат забележан балкански рис во атарот на Лабуништа

Во атарот на селото Лабуништа, поточно во пределот од Гола Краста низ шумата кон Бачилата кај Беџет, за првпат е забележан балкански рис – еден од најзагрозените видови на Балканот и во Европа.

Според добиените информации, рисот се задржал на територијата само два дена, по што повеќе не бил забележан. Се претпоставува дека причината за неговото кратко присуство е недостатокот на храна на овој терен, како и прекумерната бучава од моторни возила во внатрешноста на шумата.

Балканскиот рис е исклучително редок и заштитен вид. Тој бара мирна и недопрена средина и доволно храна, најчесто срни. Во текот на еден ден, може да помине и до 50 километри во потрага по плен.

👉 Апелираме до сите граѓани и љубители на природата да покажат внимание и одговорност – да се избегнува возење мотори и создавање бучава во шумските предели, како и да се пријави секое можно забележување на рис до надлежните институции.

Да го зачуваме рисот – симболот на дивината на нашите планини!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ