Запленети 90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Царинските службеници од царинската подружница „Аеродром“ спречија обид за нелегално изнесување девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А., кој патувал на релација Скопје-Цирих.

Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ се пријавил со само еден сив куфер по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола.

При контрола на патникот од страна на царински службеник во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра, кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење, известуваат од Царинската управа.

Во согласност со законот вратени му се 10 илјади евра, а преостанатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ привремено се задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд, се додава во соопштението од Царинската управа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ