Засилени контроли на пловидбата на Охридско Езеро, констатирани 22 прекршоци

Во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот, соопшти Министерството за транспорт.

Од таму додаваат дека се контролирани 13 пловни објекти и 13 физички лица и се констатирани 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица било утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта. За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал, посочуваат.

Министерството информира дека Капетанија на Пристаништа Охрид во соработка со Езерската полиција и во наредниот период ќе ги засили инспекциските контроли и затоа апелира навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ