Засилени контроли во водите на Охридското Езеро, пронајдени мрежи и уловена риба кај „Еврохотел“ и Калишта

Во периодот од 21-ви до 24-ти јуни 2025 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро.

– Притоа, на околу 1.500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од по 100 метри (вкупно 400 метри)  и улов од 300 парчиња риба Охридска белвица. Дополнително, во предел обраснат со трска кај струшкото село Калишта, пронајден е чамец се две кофи со рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат и прибор. Пронајдените предмети, по насоки на Јавен обвинител и запознавање на инспектор по рибарство од Државен инспекторат за земјоделие и водостопанство, се подигнати за понатамошна постапка, информираат од СВР Охрид.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ