Зеленски: Подготвен сум за средба со Путин без предуслови

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, во интервју за „Скај њуз“ изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со американскиот претседател Доналд Трамп, без никакви предуслови.

„Колку што разбирам, ако Русија не поддржи еден или друг формат предложен од САД, и поддржан од Украина, тогаш САД ќе преземе мерки против Путин“, рече Зеленски.

„Реков дека поддржувам билатерален, дури и трилатерален формат без предуслов“, изјави украинскиот претседател.

Тој и порача на Европа да размислува повеќе за Украина, отколку за себе и за своите идни односи кон Русија.

Исто така Зеленски напомена дека руските беспилотни летала во Полска и во Романија, се сигнал кој Русија сака да ја испрати.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ