Земјотрес од 6 степени регистриран на Камчатка

Полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти Главната управа на руското Министерство за вонредни ситуации за регионот.
„Според податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науките, почувствуван е последователен потрес по сеизмичкиот настан од 30 јули, забележан во Тихиот Океан попладне на 8 декември“, соопшти службата, пренесува агенцијата РИА Новости.
Епицентарот на земјотресот бил во отворено море во Тихиот Океан, на длабочина од 15 километри, на оддалеченост од 211 километри југоисточно од градскиот округ Петропавловск-Камчатски.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ