Земјотрес во Русија, се тресеше со 5,4 степени

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на руските северни Курилски Острови, соопшти раководителката на сеизмичката станица во Сахалин, Елена Семенова.
Таа рече дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан , 78 километри југоисточно од градот Северо-Курилск на островот Парамушир, на длабочина од 56 километри.
Семенова изјави дека не е издадено предупредување за цунами, објави РИА Новости. Засега нема информации за евентуални повредени или штети.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ