Земјотреси ја тресат Грција

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.

Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.

Малку подоцна се случи земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на пет километри од градот Теба.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ