Пред малку згасна и последната надеж за 34-годишната Атина, која беше прогласена за исчезната по железничката несреќа. Нејзиното име вечерва е посочено дека е меѓу жртвите во трагедијата, јавуваат грчките медиуми.
Атина, која била мајка на двегодишно момче, била на кобниот пат со сопругот Никос, кој од повреди се лекува во Универзитетската болница во Лариса.
Двојката се запознала во Катерини и од 2019 година стапиле во брак. Професионално работеле во неколку локали во градот. Атина беше сестра на фудбалерот на СФК Пиерикос, Василис Кацарас.
Нејзиниот брат до раните попладневни часови барал информации за 34-годишната девојка од Катерини. Тој со емотивна објава на Фејсбук ја објави загубата на својата сакана сестра.
„Мојата сестра повеќе не е со нас…“, напиша шокираниот млад спортист.
34-годишната девојка била во вагонот 3 во моментот на судирот и била исчезната од вторникот вечерта додека нејзиниот сопруг закрепнува во болница. Погребот на Атина ќе биде извршен утре напладне во Светиот храм Аја Ана, во Катерини.