Зијадин Села кандидат за градоначалник на Струга поддржан и од ДУИ

Зијадин Села ќе биде кандидатот на Европскиот фронт за градоначалник на Струга. Се очекува кандидатурата на Зијадин Села наскоро да стане официјална.

Кандидатурата на Села ќе ја објави Европски Фронт, поддржана и од ДУИ, објавува „Струга Експрес“ од извори во извори во ЕФ.

Зиадин Села во неговата трка за трет мандат на Локалните избори во октомври, како свој ривал ќе го има независниот кандидат Менди Ќира, поддржан од ВЛЕН.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши најави дека Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина на следниот месец, најверојатно на 8 август. Политичките партии веќе го знаат овој датум како датум за распишување на изборите. Според роковите од Законот за локална самоуправа, изборите треба да се одржат во втората половина на октомври.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ