Знаете ли зошто во кафулињата со вашето кафе обично ви послужуваат и чаша вода? Многумина мислат дека е за пиење, но обичајот крие друга тајна

Иако „лежерното пиење кафе“ се појавило во XVI век, што Турците и Балканците веднаш го прифатиле, во Западна Европа овој ритуал настанал многу подоцна, на крајот на XIX век.

Она што е интересно е дека чашата вода што доаѓа со кафето не била наменета за да се пие. Во тоа време, многу дами се жалеле дека имаат потешкотии со лажичето што се користи за шеќер и мешање на кафето.

Не им се допаѓало тоа што го валкаат лажичето со пена, а потоа морале да го стават на работ од чиничето. Во тоа време, многумина овој потег го сметале за некултурен и нималку елегантен, па рестораните вовеле чаша вода што доаѓала со кафето. Нејзината цел била гостите да можат да го измијат валканото лажиче, па дури потоа да го спуштат на чиничето.

На почетокот чашата вода се користела за одлагање на валканите лажичиња, но овој ритуал го променил своето значење од 1873 година, кога биле воведени првите градски системи за вода, од планински извори. Тогаш кафулињата сакале да се пофалат дека пијалаците ги подготвуваат со кристално чиста изворска вода.

Денес, кога ќе добиете чаша вода со кафето, тоа се смета за добри манири. Многу барови и ресторани во светот го прифатиле ова, но факт е дека има места каде што нема да добиете без да го нагласите тоа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ