Овој град е прогласен за најдобар за 2023 година, седум години е на врвот

Лондон е прогласен за најдобар град за 2023 година, а седма година по ред е на врвот на листата што ја креира консултантската куќа за недвижнини и туризам „Резонанс“.

Од справување со ефектите од Брегзит и глобалната пандемија до оставката и назначувањето на двајца различни премиери, потоа платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета до еден од најголемите погреби на сите времиња, Лондон беше релативно централен за светските вести во 2022 година.

Но, и покрај сето горенаведено и сето она што се случи измеѓу, Лондон седма година по ред е на врвот на листата на најдобри градови во светот.

Консултантската компанија за недвижнини и туризам Резонанс, која го составила годишното рангирање, се фокусирала на шест клучни категории додека ги анализирала водечките градови во светот: место, производ, програмирање, просперитет на луѓето и промоција.

Меѓу многуте позитивни карактеристики, Лондон е пофален за неговата „сè похрабра“ кулинарска индустрија, бум на луксузни недвижности што ги носи некои од најбогатите станари во светот и врвен туризам.

Другите почесни признанија за Лондон вклучуваат враќање на ноќното метро во Лондон, „најобразованото население на планетата“ и даночните олеснувања за големите корпорации.

По Лондон, Париз го зазеде второто место, а на првите десет на листата се најдоа и Њујорк, Токио, Дубаи, Барселона, Рим, Мадрид, Сингапур и Амстердам. Целата листа, која ги вклучува 100-те најдобри градови во светот, можете да ја погледнете на линкот ТУКА.

Интересно е што Киев е прогласен за почесен најдобар град и е опишан како „урбан светилник на храброста и издржливоста“, и покрај конфликтот што го трпи веќе 11 месеци.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ