Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Струга

Драма на патот Охрид-Струга: Тројца напаѓачи со палки претепале 26-годишен маж

Објавено: · 1 мин читање
Драма на патот Охрид-Струга: Тројца напаѓачи со палки претепале 26-годишен маж

Вчера во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во 02:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга, К.М.(26) од Охрид бил физички нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки.

Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.