Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 13°C Струга 13°C Пријави вест
Струга

Во Струга приведени две лица – едниот возел со забрана, кај другиот пронајдена бела прашкаста материја

Објавено: · 1 мин читање
Во Струга приведени две лица – едниот возел со забрана, кај другиот пронајдена бела прашкаста материја

На 20 ноември 2026 година, во 20:20 часот, на магистралниот пат кај Нова Пожарна во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле две лица, на возраст од 22 и 37 години.

При сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен жител на Песочани, охридско. По извршените проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото и покрај активната забрана за управување.

При преглед на лицата, кај 37-годишниот сопатник од Охрид била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.