Петок, 13 ноември 2026 петок, 13 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Струга

Лабуништа добива инвестиција од над 416 илјади евра за водоснабдување

Објавено: · 1 мин читање
Лабуништа добива инвестиција од над 416 илјади евра за водоснабдување

Владата одобри проект вреден над 416 илјади евра за обезбедување нови водни извори и изградба на доводен цевковод до новиот резервоар за водоснабдување во Лабуништа, се наведува во објавеното соопштение.


Проектот има цел да го подобри водоснабдувањето на жителите и да обезбеди постабилно снабдување со вода во селото.


Според соопштението, одобрувањето на проектот е резултат на соработката меѓу градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, неговиот тим и Месната заедница на Лабуништа, со поддршка од Владата.