Четврток, 26 ноември 2026 четврток, 26 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Струга

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БЕГАЈ ВО ОПШТИНА СТРУГА

Објавено: · 1 мин читање
ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БЕГАЈ ВО ОПШТИНА СТРУГА

Охридското Езеро, туризмот и економскиот развој во фокусот на средбата со градоначалникот Ќура.

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска во својот кабинет го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој за првпат беше во официјална посета на Општина Струга.

На средбата, на која присуствуваа делегациите на претседателот и на градоначалникот, се разговараше за можностите што ги отвора пограничната положба на Струга за унапредување на економската и туристичката соработка со Албанија.

Посебно внимание беше посветено на Охридското Езеро, кое го споделуваат двете земји, и на потенцијалот за заеднички развој на туризмот. Во тој контекст се разговараше и за можноста за воспоставување езерска линија што би ги поврзала двата брега.

Градоначалникот Ќура нагласи дека економскиот развој треба да биде главен приоритет на прекуграничната соработка. Тој посочи дека добрососедските односи и долгогодишните културни врски се основа за конкретни иницијативи што ќе отворат можности за локалните бизниси и ќе донесат придобивки за граѓаните од двете страни на границата.