Вчера, 23 ноември 2026 година, во 10:34 часот, во ОВР Струга бил пријавен пожар во помошна просторија што ја користело Јавното претпријатие „Комунално“ – Струга.
Во пожарот нема повредени лица, но била причинета материјална штета.
Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат.




