Тројца загинаа, а две лица побарале лекарска помош во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава на државниот пат D1, во местото Благај кај Слуњ, во Хрватска, соопшти полицијата.
Според полициските информации, пријавата за несреќата во која учествувале два камиона и два патнички автомобила била примена во 6:10 часот.
Поради незгодата, сообраќајот на делницата од патот D1 е во целосен прекин, а возилата се пренасочуваат по околните алтернативни патни правци додека траат увидот и расчистувањето на теренот.




