Воен авион на српската армија утринава се урна на нива во близина на градот Стара Пазова, во покраината Војводина. Според неофицијални информации на српскиот портал „Блиц“, станува збор за борбен авион МиГ-29.
„Се стравува дека има загинати. На терен се пожарникари, итна медицинска помош, полиција и воена полиција“, се наведува на социјалните мрежи.
Министерството сè уште нема објавено официјални информации за падот на авионот.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот гори на отворено поле.




