Директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, денеска го посети КПД Струга, каде што оствари средба со раководството и направи обиколка на реновираниот дел од установата.
На состанокот присуствуваа директорот Ардит Мустафаи, заменик-директорот Александар Мојсов и заповедникот Ваљон Ќура. На средбата учествуваа и директорот на КПУ Затвор Охрид, Климент Совковски, и заповедникот Зоран Момироски.
При обиколката на реновираниот дел од затворот, Пандов констатирал значаен напредок, се наведува во информацијата за посетата.








