Снежните врнежи донесоа зимска слика во Струга и околните населени места. Утрово, градот осамна со побелени покриви, улици и зелени површини, додека снегот ги прекри и околните ридско-планински предели.
Иако снежната покривка засега изнесува само неколку сантиметри, првиот снег му даде посебен изглед на струшкиот регион, најавувајќи го почетокот на зимскиот период.




