Поради одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, кој денес и утре ќе се одржува во Охрид, во Струга и Охрид се воведени засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.
Како што информираат од СВР Охрид, полициските службеници ќе спроведуваат засилена контрола и регулирање на сообраќајот, особено на следните сообраќајници:
- Централното градско подрачје во Струга;
- Регионалниот пат Струга – Дебар;
- Булеварот „Туристичка“ во Охрид;
- Дел од автопатот Охрид – Кичево;
- Други улици и сообраќајници опфатени со протоколот.
На овие сообраќајници ќе има ограничувања за запирање и паркирање на моторни возила, а се очекуваат и краткотрајни застои во сообраќајот.
СВР Охрид, во координација со локалните самоуправи, јавните претпријатија и останатите надлежни институции, презема активности за безбедно и непречено одвивање на предвидените настани.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и во периодот на спроведување на мерките да ги користат своите возила само во неопходни случаи.




