Дваесетгодишник од струшкото село Драслајца е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управува автомобил без положен возачки испит за Б категорија.
Контролата била извршена на 13 ноември, во 00:52 часот, на магистралниот пат Струга–Дебар, во близина на Струга. Младиот возач бил запрен зад воланот на „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.
Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




