Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Струга

Утре посебен режим на сообраќај во Струга и Охрид од 06 до 17 часот

Објавено: · 1 мин читање
Утре посебен режим на сообраќај во Струга и Охрид од 06 до 17 часот

Посебен режим на сообраќај во Струга и Охрид поради посетата на албанскиот премиер Еди РамаСВР Охрид ги известува граѓаните дека утре, 22 ноември 2026 година (недела), од 06:00 до 17:00 часот, ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај на подрачјето на Струга и Охрид.

Мерките се воведуваат поради најавената официјална посета на премиерот на Република Албанија, Еди Рама.

Посебниот сообраќаен режим ќе важи на потегот од граничниот премин Ќафасан, преку Струга до селото Подмоље и Вила Охрид, како и на релацијата од аеродромот „Св. Апостол Павле“ до Вила Охрид.

Граѓаните и возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници и да ги планираат своите патувања согласно најавениот режим.