Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струга денеска беа распределени картички за зелена нафта, наменети за финансиска поддршка на земјоделците од струшкиот регион.
Во рамки на оваа мерка обезбедени се 832 картички со вкупна вредност од 7.008.405 денари, кои ќе им помогнат на земјоделците да ги намалат трошоците за гориво при обработката на земјоделските површини.
На распределбата присуствуваше и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, кој го нагласи значењето на директната финансиска поддршка за земјоделските производители.
Мерката за зелена нафта е насочена кон намалување на производствените трошоци, олеснување на работата со земјоделската механизација и подобрување на економските услови за земјоделците.
Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со спроведување на мерките за поддршка на земјоделскиот сектор, со цел поттикнување на домашното производство и понатамошен развој на земјоделството.






