Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Струга

Отворен повик: 12 ученици од Лабуништа ќе патуваат во Турција

Објавено: · 1 мин читање
Отворен повик: 12 ученици од Лабуништа ќе патуваат во Турција

ООУ „Мурат Лабуништи“ од Лабуништа објави повик за Еразмус+ мобилност во Турција

Основното училиште „Мурат Лабуништи“ од Лабуништа објави отворен повик за избор на 12 ученици и 7 наставници кои ќе имаат можност да учествуваат во меѓународни образовни активности во Република Турција, во рамките на програмата Еразмус+.

Активностите ќе се реализираат преку проектот „Inclusive Paths for Young European Learners“, со број 2026-1-MK01-KA122-SCH-000422967.

Според објавениот повик, предвидено е учество на 12 ученици во краткорочна образовна мобилност, додека 7 наставници ќе учествуваат во програмата „Job Shadowing“, која овозможува размена на искуства и запознавање со наставните практики во образовните институции во Турција.

Целта на проектот е учениците и наставниците да стекнат нови знаења, да ги унапредат своите вештини и компетенции, како и да се запознаат со различни култури и образовни пристапи. Преку меѓународната соработка се отвораат можности за создавање нови пријателства, професионални контакти и размена на искуства.

Од училиштето ги повикуваат сите заинтересирани ученици и наставници да аплицираат согласно утврдените услови и критериуми.

Потребните информации и формуларите за пријавување се достапни на следните линкови:

– “Отворен повик на македонски јазик” (https://tinyurl.com/OOUML1)
– “Отворен повик на албански јазик” (https://tinyurl.com/OOUML2)
– “Формулар за пријавување ученици” (https://tinyurl.com/OOUML3)
– “Формулар за пријавување наставници” (https://tinyurl.com/OOUML4)

Роковите, критериумите и постапката за пријавување се наведени во официјалниот повик објавен од училиштето.

Со учеството во програмата Еразмус+, ООУ „Мурат Лабуништи“ продолжува да создава можности за меѓународна образовна соработка и професионален развој на учениците и наставниот кадар.