Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Балкан

Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди

Објавено: · 1 мин читање
Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди

Десет деца на возраст од осум и девет години се повредени денеска во несреќа на ескалатор во белградскиот трговски центар „Галерија“, при што седум од нив се здобиле со тешки, а три со полесни повреди, потврди Службата за итни случаи во Белград за Н1 Србија. Сите повредени деца, пет момчиња и пет девојчиња, се пренесени во Ургентниот центар.

Инцидентот се случил околу 14:35 часот, а на местото на настанот веднаш биле упатени пет екипи на брзата помош откако повикот бил примен во 14:33 часот. Според неофицијалните информации на порталот „Телеграф“, децата биле во посета на кино во придружба на наставник, а дел од нив претрпеле фрактури на бутната коска (фемур) и повреди на главата.

За причините за несреќата засега постојат две различни верзии во српските медиуми. „Телеграф“ наведува дека до инцидентот дошло откако врвките од чевлите на едно од децата се заглавиле во механизмот на ескалаторот, по што тоа паднало и предизвикало верижен пад на децата зад него. Од друга страна, агенцијата Танјуг објави дека ескалаторот ненадејно застанал, па повторно тргнал, при што повеќето деца поминале со полесни повреди.

На објавените снимки во медиумите се гледаат лекарски екипи како на носилки ги изнесуваат повредените деца кон амбулантните возила. Точниот степен на повредите ќе биде утврден по деталните болнички прегледи.

За случајот е известено Првото основно јавно обвинителство во Белград, чиј претставник излегол на терен за да изврши увид и да ги утврди околностите. Трговскиот центар „Галерија“, отворен во октомври 2020 година, е дел од комплексот „Белград на вода“, проект реализиран од компанијата „Игл Хилс“ од Обединетите Арапски Емирати.

The post Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди.