Загина копилотот по падот на авионот на грчката воена морнарица

Копилотот загина, а продолжува потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што утрово се урна во Јонското море, објавија грчките медиуми.

Новинската агенција АНА-МПА, пренесувајќи соопштение од Генералштаб на военото воздухопловство, пишува дека во падот на авионот животот го загубил 29-годишниот копилот, а продолжува потрагата по 31-годишниот пилот.

Според истите информации, авионот полетал во 10.30 часот утрово од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, се урнал 25 наутички милји јужно од аеродромот за време на едукативен лет.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ