Спортист дојде во Белград на првенство, а сега се бори за живот – ова е нападнатото момче (ФОТО)

Брајан Качпер П.(23) и Николај А.(20) биле нападнати синоќа околу 16 часот во Белград.

Станува збор за полски државјани кои дојдоа на првенството во ММА во Белград, а во нападот Брајан се здоби со тешки повреди и неговиот живот е во опасност.

Брајан бил прободен со нож во ребрата од непознати мажи. Неговиот живот е загрозен и тој се наоѓа на Одделот за хирургија.

Николај има полесни физички повреди и тој не е во животна опасност. Тој се здобил со убодни рани во пределот на десната надколеница.

Како што е познато, еден од нападнатите Полјаци во полиција изјавил дека тој и неговиот колега биле во парк каде биле нападнати од непознати лица и еден од нив ги нападнал со нож.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ