ПОСЛЕДНА ФОТОГРАФИЈА ОД ТРЕТИОТ ВАГОН – патниците уморно доцна во ноќта чекаат да тргнат, за дел од нив тоа беше возење во смрт

Вагонот е полн, а патниците седат на своите места – фотографијата ја направил млад патник од својот мобилен телефон пред несреќата.

Станува збор за третиот вагон, непосредно пред кобниот судир во Темпи, пришто загинаа 57 лица, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Како што може да се види на фотографијата, вагонот е полн, а патниците седат на своите места без никакво навестување за тоа што ќе следи.

Според информациите, во овој вагон се возеле 34-годишната Атина Катсара од Катерини, која е посочена дека е меѓу жртвите во трагедијата и нејзиниот сопруг, кој се лекува во Универзитетската болница во Лариса.

Во меѓувреме, во завршна фаза се и спасувачките акции на местото на железничката несреќа во Темпи, кои се очекува да завршат денеска напладне.

Списокот на загинатите вчера достигна 57 лица, иако во грчката полиција се пријавени 56 лица за исчезнати, додека 48 лица остануваат на лекување во болниците, од кои 6 на Одделението за интензивна нега.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ