Украина ноќеска соборила 13 експлозивни дронови лансирани од Русија

Украинските власти денеска соопштија дека собориле 13 експлозивни дронови од иранско производство од вкупно 15 лансирани од Русија во текот на ноќта.

– Руските освојувачи ја нападнаа Украина од север со дронови Шахед-131/136, соопштија украинските воздухопловни сили.

Евидентирани се вкупно 15 лансирања на беспилотни летала, а уништени се 13 „Шахеди“.

Според воената администрација на Киев, беспилотни летала биле лансирани и врз главниот град на Украина, но сите биле соборени и немало жртви или материјална штета.

Локалните власти додадоа дека испораката на западни системи за противвоздушна одбрана и помогна на Украина поефикасно да се спротивстави на тие закани во последните недели.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ