ВИДЕО: Два авиона се урнаа во близина на Рим, пилотите загинаа

Два воени авиони „Сиаи 60 Стормо“ се судрија денеска нешто пред 12 часот во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на гратчето Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој мал град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти се мртви, пренесува „Кориере дела Сера“.

Реонот на несреќата е опколен од спасувачи кои проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага.

Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот.

Incidente aereo #Guidonia. pic.twitter.com/DHTEtjfs0N

— Safety (@SafetyAndrea) March 7, 2023

Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.

„Во име на владата го изразувам моето најдлабоко сочувство и мојата блискост до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по падот на авионот.

„Длабоко сум тажен што ја дознав страшната вест за смртта на двајцата пилоти. Моето најдлабоко сочувство изразувам до семејствата и водачите на воздухопловните сили“, рече претседателот на Сенатот, Игнацио Ла Руса.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ