Кипарското прашање, билатералните односи, европските и регионалните теми, но и железничката несреќа се нашле на агендата разговори на новиот претседател на Кипар, Никос Христодулидис за време на средбите во Атина со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.
За кипарското прашање, Хирстодулидис истакнал дека детално го информирал Мицотакис за „потребата од поактивно вклучување на ЕУ во напорите за излез од ќорсокакот и одново започнување на разговорите“.
-Добро знаеме дека ситуацијата не е лесна, ги знаеме тешкотиите, но во исто време цврсто сме убедени дека моменталната состојба не може да биде решение за кипарското прашање. Кипар не може да остане поделен и под окупација, додаде тој.
Моменталната состојба не може да биде решение за кипарското прашање. Кипар не може да остане поделен и под окупација, порачал Христодулидис.
Грчкиот премиер изразил подготвеност за продолжување на „заедничката голема визија за решавање на кипарското прашање врз основа на одлуките на ОН“.
Мицотакис, исто така посочил дека средбата со Христодулидис е во период на болка поради несреќата, осврнувајќи се на фактот дека меѓу загинатите се и двајца студенти од Кипар и истакнал дека Владата е решена да го промени сето она што предизвикало болка во минатото.
Новиот претседател на Кипар од денеска е во дводневна официјална посета на Грција, прва во странство откако пред две седмици ја презеде функцијата.