Курти: Очекувам договор со Србија во Охрид

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е оптимист оти на претстојната средба во Охрид ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија.

„За планот за имплементација треба да се разговара во Охрид, а можеби не само во Охрид. Јас сум оптимист, но дали средбата ќе успее или не, вие добро знаете дека не зависи само од мене. Знаете дека јас понудив да го потпишам договорот на 27 февруари“, изјави Курти за медиумите во хотелот „Емералд“ во Чаглавица кај Приштина, пренесе Танјуг.

„Ако имало неуспех во дијалогот, никогаш не бил моја вина, бидејќи бев посветен, конструктивен и креативен“, тврди Курти.

Од 02.07.2011 до 25.08.2015 година беа постигнати вкупно 39 договори, а Заедницата на српските општини (ЗСО) е првите шест точки од договорот, кој е 16-ти по ред, од вкупно 39.

„Се договоривме за европски предлог, со француско-германска иницијатива и пет реченици се во преамбулата и има вкупно 11 точки. Сега да разговараме за планот за имплементација. Знам дека Србија многу притискаше за формирање на заедница на општини со српско мнозинство и го знам ставот на Србија, но сакам да погледнам наназад за што се договоривме и што можевте сите да прочитате, а тоа е планот за имплементација што треба да се преговара во Охрид, а можеби и не само во Охрид“, заклучи Курти.

Најавено е дека новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија ќе се одржи на 18 март во Охрид, во времето кога Жосеп Борел е во посета на Македонија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ