Поради шумски пожар на југот на Шпанија евакуирани 70 жители

Околу 70 жители беа евакуирани од шпанскиот регион Андалузија бидејќи силните ветрови го шират пожарот со кој се борат пет противпожарни служби, соопштија денеска локалните власти.

Противпожарните служби соопштија дека брзината на ветерот од 80 километри на час го разгорел пожарот што избувна вчера во Тарифа во близина на населбата Ел Чапарал, чии жители превентивно се евакуирани.

Пожарникарите контролирано изгореа околу 50 хектари вегетација на ридовите во близина на населбата за пожарот да не продолжи да се шири.

Пет противпожарни служби го гаснат пожарот со поддршка на седум авиони.

Шпанија е прва во Европа по рекордно високи температури во 2022 година, за чиј раст експертите ги обвинуваат глобалните климатски промени.

Долгите сушни периоди може да предизвикаат сезоната на пожари да почне порано од вообичаеното.

Првите големи пожари во Шпанија избувнаа веќе во март годинава.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *