Автопатот пред влезот на Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена

Поради реконструкција на автопатот, влезот во Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена и во градот ќе се влегува преку стариот пат.

„Поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208“, потврди АМСМ и додаде дека е поставена соодветна сигнализација.

Засега единствената реакција е од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој вели дека стариот пат нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе се создавате е неминовен.

Тој ја повика власта да ја промени одлуката и да ја одложи по завршувањето на сезоната.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ