Неочекуван симптом на топлотен удар може да значи дека ви треба медицинска помош

Поради топлото време и прекумерното изложување на сонце, сончаницата и топлотниот удар се сѐ почести кај луѓето, а еден необичен симптом може да укаже дека ви е потребна лекарска помош.

Некои од симптомите – како што се висока телесна температура, прекумерно потење и главоболка – се прилично познати.

Сепак, постојат неколку знаци кои се малку поневообичаени, вклучувајќи агитација, раздразливост и нејасен говор. Бизарното однесување може да значи дека треба да посетите лекар.

Ако не го сторите тоа може да има сериозни последици по вашето здравје.

Најчестите симптоми на сончаница и топлотен удар на кои треба да обрнете внимание се:

  • многу висока телесна температура (над 40 степени)
  • конфузија
  • неразбирлив говор
  • замор
  • губење на свеста
  • топла, сува кожа или обилно потење
  • гадење и повраќање
  • брзо дишење
  • главоболка

Овие симптоми обично се случуваат по поблага топлинска исцрпеност, што не бара итен третман ако можете да се оладите во рок од 30 минути.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ