Од денес попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Денес, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час).
Потоа до средината на следната седмица ќе преовладува стабилно време.