Општа Болница Струга ќе врши БЕСПЛАТНО МЕРЕЊЕ НА ОЧЕН ПРИТИСОК

Дијабетесот е една од најважните битки на модерното општество затоа што има огромна предност-неговата невидливост, односно недостиг од тегоби во раната фаза. Затоа потребно е да се справиме со тој предизвик.

-Нерегулираниот дијабетес доведува до зголемен морбидитет кои ги зафаќа големите крвни садови (срцевите ) и малите крвни садови(ретиналните ).

Секој дијабетичар важно е да направи навремена контрола на видот сеопфатен преглед на очите еднаш годишно.

Дијабетичната ретинопатија може да нема никакви симптоми на почеток-но раното откривање може да Ви помогне да преземете мерки за да го заштитите Вашиот вид.

-Затоа на 14 ноември СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ, Општа Болница Струга ќе врши БЕСПЛАТНО МЕРЕЊЕ НА ОЧЕН ПРИТИСОК а воедно ќе прави и консултации со лекар офталмолог

-Дијабетесот и неговите компликации може да се превенираат со:

-редовна физичка активност

-правилен начин на исхрана

-одржување на здрава телесна тежина

-одбегнување алкохол и цигари

Заедно може да го победиме дијабетесот. Бидете храбри и преземете го Вашиот живот во ваши раце

ОСТАНАТИ ВЕСТИ