Тепачка во Струга, полицијата ќе поднесе пријави против две лица

Во 4 часот и 30 минути по полноќ, на улицата „Боро Дуни“ во Струга забележано е нарушување на јавниот ред и мир. Две лица, едното од Струга а другото од струшко село најнапред вербално се расправале, а потоа и физички се пресметале. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Организиран дочек на Новата Година во Струга на Градскиот плоштад и годинава немаше, но стружани највеселата ноќ ја поминаа во кафулињата и рестораните, како и во домашна атмосфера.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ