Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица

Највисоки заслуги во делот на сузбивање на шверцот на дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останатите облици на организиран криминал за Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот Аеродром Скопје која беше воспоставена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

Директорот на Царинска управа Стефан Богоев заедно со заменик директорот Муарем Асани оствари средба со експертот за спроведување на закон од тимот за контрола на стока и патници на граница на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал. На средбата беше заклучено дека достигнувањата на единицата во изминатиот период поставија високи цели за втората фаза од Проектот, со која ќе се реализира поврзување со системите на земјите од Западен Балкан. Во оваа фаза е предвидено и проширување на надлежностите на Единицата во делот на превенција и сузбивање на сите облици на организиран криминал и на меѓународниот аеродром во Охрид.

„Борбата за спречување на нелегалната трговија е наш стратешки приоритет, при што ги преземаме сите мерки за сузбивање на криминалот. Царината заедно со МВР е на првата линија во заедничката борба против трговијата со дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останати облици на организиран криминал“ истакна Богоев.

Експертот на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал ги истакна одличните релултати и достигнувања на Граничната меѓуагенциска единица, од аспект на спроведените активности и интеграција со националните структури, како клучни компоненти за успешност на ваквите единици во земјите од Западен Балкан.

Единицата е формирана во 2022 година, а минатата година истата беше поврзана со Интерпол што овозможи размена на информации и унапредување на анализата на ризик.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ