Расте бројот на собрани потписи од граѓаните – Османи, Димитриевски и Ванковска за два дена имаат најмногу

Најмногу потписи, според пресекот на ДИК има Бујар Османи, кандидатот за Демократската унија за интеграција (ДУИ) и тоа 5 405. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-за наша Македонија, Максим Димитриевски со 3 613 потписи. Кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има добиено 2 758 потписи

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14 360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за Претседател на државата.

Од податоците што ги објави ДИК досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади.

Најмногу потписи, според пресекот на ДИК има Бујар Османи, кандидатот за Демократската унија за интеграција (ДУИ) и тоа 5 405. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-за наша Македонија, Максим Димитриевски со 3 613 потписи. Кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има добиено 2 758 потписи.

Од останатите кандидати, блиски до две илјади потписи е кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој досега има 1 974.

На листата од 11 кандидати, сите останати имаат по помалку од илјада потписи.

Кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари има 246 потписи, а само три повеќе од него има Вело Марковски, односно 249.

Во овие два дена, колку што трае собирањето потписи, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Државната изборна комисија, соопшти дека од денеска, се додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно ќе се ажурира.

Постапката за собирање потписи, која почна во петокот ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ