Нов систем на кислород и реверзна осмоза во Нефрологија-Струга

 Специјализираната болница ЈЗУ Нефрологија Струга доби нов централен систем за дистрибуција на кислород во три сали за хемодијализа и во три соби наменети за интензивна нега.

-Обезбедувањето на безбеден систем за снабдување со кислород има за цел да го подобри  квалитетот на здравствените услуги на центарот за болните од хронична и акутна ренална инсуфициенција.-информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Додаваат дека е набавена и реверзна осмоза, опрема со која ќе се подобрат условите за хемодијализа.

 Инвестицијата е вредна 3.800.000 денари. Проектот се финансира преку Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Изведувач на работите за дистрибуција на кислород е Друштво за производство на индустриски гасови ТГС Техничи гасови од Скопје, а за реверзната осмоза ДПТУ Фарма Трејд од Скопје.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ