Во Лабуништа се одржа 22-та Регионална ревија на „Песна,музика и игра“

На 11 мај 2024 година, Здружението на пензионери од Лабуништа, струшко, за
Прв пат организира регионална ревија на песна, музика и игра за здружинијата на
пензионери од осмиот регион, која се одржа во организација на СЗПМ, а домаќин
беше здружението на пензионери од Струшко Лабуништа.

Оваа културна манифестација претставуваше можност да се прикаже и поттикне
продолжувањето на традициите од богатата фолклорна ризница на Македонија во
рамките на осмиот регион, во кој припаѓаат здруженијата од општините: Струга,
Охрид-Дебарца, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Дебар-Центар Жупа, Гостивар и
домаќинот Лабуништа.



Манифестацијата започна со пречекување на гостите и учесниците со леб и сол
по стар македонски обичај, од Лабунишки девојки облечени во народна носија, како и
со фотографирање на учесниците на ревијата, облечени во разнобојни носии
карактеристични за местото од каде доаѓаат беа поздртавени од лабунишките граѓани.
На сцената најпрво настапија домаќините, машката пензионерска група со
песната „Потерала Јана гојдата“а официоалниот дел на манифестацијата започна со
пригоден говор на претседателолт на ЗП Лабуништа, Лутвија Салоски, кој ги поздрави
учесниците и гостите им поска добредојде во најголемото Струшко село Лабуништа.
Пред да ја прогласи ревијата за отворена, потпретседателот на Извршниот
одбор на СЗПМ Ментор Ќоку, во убава украсена и свечена атмосфера како секогаш на
сите ревии инспиративно излагање имаше тој, така што во своето обраќање на
македонски и албански јазик, до присутните рече: Почитувани пензионери, почитуван
претседател Лутвија Салоски, почитувани претседатели на ЗП Струга, Дебар, Вевчани,
Охрид, Кичево, Македонски Брод и Гостивар се изрази задоволство што оваа
манифестација се одржува за прв пат во Струшко Лабуништа. Тој упати пофални
зборови за здужението домаќин, за кое се разликува од разновидноста на
активностите што ги остварува во повеќе области. Денес, за прв пат домаќин на оваа

  1. Регионална ревија на песни, игри и музика е ЗП Лабуништа, здружение кое
    успешно е раковдено од Салоски, кој се грижи за своето членство за да му го олесни и
    разубави животот на лабунишките пензионери. На сите учесници им пожелувам
    успешно да се претстават и јас лично ве охрабрувам и подржувам. За отворена ја
    прогласувам Регионалната ревија на песни, музика и игра од осмиот регион.

Потоа редоследно се заредија настапите на учесниците со пејачки и играорни
групи, со вокално-инструментални состави, придружувани со традиционални изворни
инструменти. Исполнетите народни староградски песни на македонски и албански
јазик на ЗП Гостивар и Дебар, оставија импресивни и незаборавни впечатоци кај
публиката која цело време ги наградуваше со бројни аплаузи.

По ревијалниот дел на манифестацијата пред влезот на ресторанот„Рибник“
каде што се одржуваше ревијата беше поставена изложба на фотографии насловена
„Руралната жена низ објективот“ на фоторепортерот Стојан Кукунешоски. На крајот, за
успешен настап сите осум здруженија им беа доделрни благодарници, а на учесниците
во име на СЗПМ им ги врачи претседателката на Комисијата за културно –забавен
живот при СЗПМ, Магдалена Спировска и претседателот на ЗП Лабуништа Лутвија
Салоски.

По одржаниот ревијален протокол гостите и домаќините, средбата ја
продолжија со заедничко дружење во прекрасниот ресторан „Рибник“каде што беше
организиран заеднички ручек, со специјалитети од Лабуништа и општонардна веселба.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ